ПОВЕЌЕ

    Крај на една ера: Повеќе нема да купуваме патики во продавниците на „Најк“

    Време зa читање: < 1 минутa

    „Најк“ е мултинационална американска компанија основана пред 56 години во Орегон.

    Светски познатата компанија „Најк“ оствари извонреден профит од продажба преку Интернет за време на корона кризата, со што се компензира за претходниот пад на приходите забележани во продавниците.

    Гигантот објави дека постигнал молскавичен раст на дигиталната продажба од 82 проценти, во периодот од јуни до август оваа година, а приходите пораснаа на 10,6 милијарди долари, благодарение на закрепнувањето на многу клучни пазари, вклучувајќи ја и Кина.

    Џон Донахо, извршен директор на „Најк“, рече дека преминот кон продажба преку интернет може да биде постојан. Според него, „дигиталниот бизнис е ново нормално“. Искуството покажа дека потрошувачите сè повеќе претпочитаат ваков вид на купување и ретко се враќаат на старите навики.

    „Најк“ забележа вонредна продажба во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, потоа Велика Британија, додека забележа пад во Соединетите држави. Акциите на компанијата се зголемија за повеќе од 10% во трговијата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично