ПОВЕЌЕ

    Повеќе нарачки од странство, повисоки приходи за велешки „Ветекс“

    Време зa читање: < 1 минутa

    Конците за плетење и разните предива на „Ветекс“ од Велес во првото годинешно тримесечје му обезбедиле приходи за 11,2 проценти повисоки од ланските остварени во истиот период. Износот е 1,8 милиони евра и во најголем дел доаѓа од пазарите во Германија, Австрија, Италија, Данска, Холандија, Франција и Швајцарија, иако и на домашен терен е регистрирана зголемена продажба.

    Поголемата побарувачка од страна на странските деловни партнери се одразила и кај расходите кои достигнале 1,7 милиони евра, со раст од 10,3 насто.

    Оттаму, добивката за тримесечниот период изнесува 5,1 милион денари или 83 илјади евра.

    Исполнувањето на годишниот производствен план се одвива според барањата на пазарот и техничките можности на компанијата, посочуваат од „Ветекс“ и додаваат дека вложуваат во осовременување на основните средства.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично