ПОВЕЌЕ

    Мотивациони пораки на милјардерот Ортега

    Време зa читање: 2 минути

    Амансио Ортега е шпански милијардер бизнисмен кој е основач на модната група „Индитекс“, позната по својот ланец продавници за облека и додатоци „Зара“. Ортега е меѓу најбогатите личност во Европа.

    Во продолжение се најдобрите цитати на Амансио Ортега, кои се однесуваат на парите, кариера и успехот, во голем дел поврзани со неговиот бренд.

    1. Клиентот е тој кој што го води деловниот модел

    2. Јас сум сопственост на мојот бизнис, а не обратно

    3. Мора да се појавувате три пати во весниците: кога сте родени кога ќе стапите во брак и кога ќе умрете

    4. „Зара“ ќе остане најголемата и најинтернационална марка

    5. Мора да бидеме ентузијасти и внимателни за да ги претвориме идеите и проектите во реалност

    6. Една работа не е променета – иновативниот дух и поривот за подобрување како движечка сила

    7. Да ги задоволиме потребите на нашите клиенти со најновата мода

    8. Клучниот дел од деловниот модел на „Индитекс“ е неговиот човечки капитал

    9. Иновативноста и посветеноста кон нашите клиенти ја дефинираат нашата корпоративна култура

    10. Ние мора да бидеме во состојба да го задржиме талентот, да го задржиме и мотивираме нашиот персонал и да регрутираме нови лица во компанијата со брзо темпо и истовремено да постигнеме нов изглед на компанијата и потребната амбиција да биде движечка сила што ќе ни овозможи да исполниме нови и амбициозни цели

    11. Со сигурна филозофија и деловна култура способни сме  да се спротивставиме на предизвиците што се појавуваат

    12. Мора да бидеме свесни дека искуството што го стекнавме не е доволно за да го гарантираме нашето лидерство. Ние исто така мора да бидеме посветени на нашата компанија

    13. Деловната ефикасност е израз на квалитетот на управувањето со нашиот бизнис, сложената мрежа на активности на вертикално интегрирана група за дистрибуција на мода, која дизајнира, произведува и продава на три континенти.

    14. Најголем предизвик? Да мотивирате 90.000 луѓе да работат за остварување на една единствена цел.

     

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично