ПОВЕЌЕ

    Подобри услови за 280 студенти – обновениот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ се отвора во јануари

    Време зa читање: 2 минути

    Студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, пред почетокот на вториот семестар од тековната академска година. Има капацитет за сместување на 280 студенти. Во неговата обнова се вложени 10 милиони евра, а активностите за темелна и енергетски ефикасна рехабилитација се при крај.

    Средствата обезбедени за средување на студентските домови се во вкупен износ од 86 милиони евра. Во тие рамки, 60 милиони евра се заем од KFW, 22 милиони евра се неповратни грантови од ЕУ и 4 милиони евра се буџетски средства.

    „Овој објект ќе биде вториот модерен студентски дом што ќе го отвориме со поддршка на Европската унија и Германската развојна банка – KFW со кои заедно започнавме и ќе го завршиме процесот на темелна обнова на 9 државни студентски домови и 6 државни училишта со ресурсни центри. Ова се значајни инвестиции во студентскиот стандард и во инклузијата на образовниот систем“, рече министерката за образование  и наука, Весна Јаневска, по денешниот увид во градежните работи.

    Пред два месеци, посочи таа, беше отворен реновираниот дом „Стив Наумов“ со можност за сместување на 1.150 студенти.

    „Веќе видовте дека се работи за навистина одлични услови, високи стандарди за ваков тип на градби и очекувам студентите што ќе го користат овој дом да бидат задоволни, но и одговорни, за да можат што повеќе генерации да ги почувствуваат придобивките од ова јавно добро“, нагласи Јаневска.

    Терминот за обиколка на домот е одбран симболично, наведе Јанева – 17 ноември е Меѓународен ден на студентите, а тие се „во фокусот на владините политики“.

    19,505Следи нè на facebookЛајк

    слично