ПОВЕЌЕ

    Подароци од Верверичката на Комерцијална банка за првачињата во ООУ „Киро Глигоров“

    Време зa читање: 2 минути

    Првиот училишен ден е највозбудливиот, најсреќниот и најочекуваниот ден за секое прваче. Радоста, среќата и возбудата со првачињата во ООУ „Киро Глигоров“ овој 1 септември ја сподели и Верверичката на Комерцијална банка.

    Таа беше во дворот на училиштето уште со првото училишно ѕвонче за да ги поздрави првачињата, да им посака многу петки и успех во учењето. Верверичката им подели и подароци на сите првачиња во ова училиште со цел да ги поттикне да бидат посветени, креативни и одговорни ученици.

    „Верверичката како член на семејството на Комерцијална банка се грижи за децата, за создавање вредни и корисни навики кај децата и за подготовка на децата за здрава финансиска иднина. Банката како општествено одговорна компанија ја смета финансиската писменост за основа за среќна иднина на секој човек. А, најдобро е кога добри навики и финансиско знаење се стекнуваат од мали нозе. Затоа нашата Верверичка редовно се дружи со децата и ги учи дека штедењето е многу добра навика за создавање здрава иднина“, изјави д-р Маја Стевкова Штериева, Главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка, честитајќи им го првиот училишен ден на сите првачиња со желба за многу успеси во нивниот образовен процес.

    Дополнителна забава и возбуда за учениците во ООУ „Киро Глигоров“ беше можноста да се сликаат со Верверичката и од својот прв училишен ден оваа година да понесат не само убави, туку и несекојдневни сеќавања.

    А, Верверичката, како нивна верна и вредна другарка, останува посветена на својата мисија да ги учи децата дека штедењето пари е една од најдоблесните човечки навики за безгрижна иднина и лична благосостојба.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично