ПОВЕЌЕ

    Платината достигна највисоко ниво во последните шест години

    Време зa читање: < 1 минутa

    На пазарот на благородни метали, платината го достигна највисокото ниво во последните шест години со вредност од 1.337 американски долари за унца.

    Само пред една година, цената на платината беше повеќе од половина пониска, само 640 долари. Оваа година, цената на платината се зголеми за 20 проценти поради очекувањата дека автомобилската индустрија ќе се опорави и дека ќе се зголеми и интересот за обновливи извори на енергија.

    Исто така, побарувачката за платина може да се зголеми кога производителите сфаќаат дека овој метал е многу поевтина алтернатива на паладиумот.

    Цената на една унца злато, пак, падна под 1800 долари. Златото исто така се спротивставува на растот затоа што се зголемуваат приносите на „конкурентските“ обврзници.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично