ПОВЕЌЕ

    Доколку имате одлично познавање од англиски јазик, можете да заработувате од транскрипција на аудио записи

    Време зa читање: 2 минути

    zena rabota od doma lap top kauch kukja stan

    Без разлика дали сте родител што е затворен дома поради новонастаната ситуација или студент или претприемач, и сакате да заработите екстра приходи работејки од дома, постојат повеќе начини сега од било кога претходно. Еден од начините е транскрипција на англиски аудио записи.

    Многу луѓе од Македонија можат брзо да пишуваат на лаптоп и воедно имаат одлично познавање на англиски јазик. Без оглед дали тоа е акумулирано од претходни искуства на работа, или патување, или едноставно отсекогаш имале предиспозиции за тоа. Но, честопати ние не сфаќаме дека ова е супер вештина и одлична можност да се заработат пари. Постојат повеќе страни за транскрипција, но ние ви препорачуваме две со кои може да започнете:

    Првата веб-страна е Scribie. Scribie е компанија за транскрипција која претвора аудио и видеа во текст. Значи, очигледно треба да бидете во можност да пишувате доста добро. Оваа компанија ќе ви плаќа 10 долари за еден аудио час.

    Втората опција е Transcribeme.com. Ова може да биде одлична опција бидејки велат дека во просек плаќаат од околу 20 долари на час. Нема никаквки почетни трошоци и не е потребно претходно искуство. Тоа што е исто така добро е што плаќаат неделно. 

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично