И годинава, во чест на Октоберфест 2026, германскиот авиопревозник Луфтханза го облече својот персонал на летовите со традиционална облека ќе имаат нов изглед прилагоден за сезоната на фестивалот. Колекцијата е дизајнирана од „Spieth & Wensky“, производител на традиционална мода од Долна Баварија, и за првпат ја спојува баварската традиција со елементи од дизајнот на „Lufthansa“: на пример, жеравот од логото на брендот ги краси копчињата на плетените парчиња облека за жени и мажи. Карактеристичниот „шаблон на крило“ (Wing Pattern) – посебен дизајн на „Lufthansa“ – е вткаен во дизајнот на здолништето и елекот.
„Веќе 20 години, екипажите на летовите на долги релации ги заменуваат своите униформи со баварска народна носија за време на сезоната на Октоберфест: првиот екипаж во народна носија полета на 1 септември 2006 година од Минхен кон Њујорк. Со овој нов, модерен дизајн, ја продолжуваме долгогодишната традиција на летови со екипаж во народна носија од Минхен. Деталите зборуваат сами за себе: оваа носија е креирана исклучиво за кабинскиот персонал на „Lufthansa“ и е навистина уникатна“, вели Хајко Рајц, член на управниот одбор на „Lufthansa Airlines“ и менаџер на центарот (хаб) во Минхен.
Новата народна носија го има своето деби во воздух на самиот почеток на „Визн“ (Wiesn), на 19 септември: од Минхен, екипажот во народна носија полетува на две меѓународни линии – кон Бангалор, Индија (LH764) и кон Пекинг (LH722). Една недела подоцна, на 27 септември, летот LH768 ќе ја пренесе атмосферата на „Визн“ и во Сингапур, објави Луфтханза на својата службена веб-страница.
БАВАРСКИ СПЕЦИЈАЛИТЕТИ И ПИВО НА ЛЕТОВИТЕ И ВО САЛОНИТЕ НА ЛУФТХАНЗА
Од 1 до 30 септември, „Lufthansa“ ја носи баварската кујна на небото преку избрани интерконтинентални летови од Минхен и Франкфурт. Во сите класи на патување, патниците ќе можат да уживаат во специјално креирано мени. Понудата опфаќа сè – од традиционални предјадења, како што се терин од бели колбаси и „дрво“ од переци, преку обилни класици од Октоберфест како печена патка и пржено пилешко, па сè до слатки задоволства како штрудла со јаболка. Погрижено е и за патниците на континенталните линии: во бизнис-класата, „Lufthansa“ ќе служи мени за Октоберфест во периодот од 17 септември до 6 октомври. Сите германски салони на Lufthansa исто така ќе го отворат бурето точно на време за отворањето на фестивалот – „O’zapft is“. Заедно со типичните баварски пива, класичните јадења и атмосферскиот декор создаваат совршен амбиент.
До крајот на септември, гостите на сите летови на долги релации што заминуваат од Германија во прва, бизнис и премиум економска класа ќе добијат хигиенски и патни средства во модерни торбички од филц кои служат и како стилски додатоци за Октоберфест, информираат од компанијата.
Аналитика








