ПОВЕЌЕ

    Пазарот се збогатува со четири нови отворени инвестициски фондови управувани од Вега Фондови АД Скопје

    Време зa читање: 3 минути

    На седницата одржана на 22.03.2022 година, Комисијата за хартии од вредност го одобри организирањето на четири нови отворени фондови, Вега Свет, Вега Технологија, Вега Финансии и Вега Кеш, кои ќе бидат управувани од Друштвото за управување со инвестициски фондови Вега Фондови АД Скопје.

    Следејќи ги новите трендови на инвестирање, Вега Фондови АД Скопје при изборот на компании кои ќе бидат дел од портфолијата на сите акциски фондови се фокусира на примената на стандардот на ESG, односно компании кои даваат посебно значење на животната средина, општествените прашања и доброто корпоративно управување.

    Тоа што е уникатно и ги издвојува од конкуренцијата е изложеноста на отворените фондови кон специфични сектори.

    Отворениот фонд Вега Свет е насочен кон вложување во реномирани, т.н. „Blue chip“и „Dividend stocks“ компании со голема и средна пазарна капитализација, со диверзификација на различни географски подрачја и различни сектори. Поради тоа, овој фонд е наменет за сите оние инвеститори кои сакаат да остварат атрактивен принос преку искористување на глобалниот раст на светската економија, особено во најразвиените економии во светот.

    Фондот Вега Технoлогија е прв од ваков тип на македонскиот пазар и им овозможува на домашните инвеститори да учествуваат во растот на светските технолошки компании, а негов примарен фокус ќе биде американскиот пазар.

    Доминантно портфолиото ќе биде составено од т.н. “технолошки гиганти” кои се дел од светските берзантски индекси, надополнето со потенцијалните идни технолошки лидери и компании кои „Вега Технолија“ ќе се обиде успешно да ги идентификува. Фондот е наменет за оние инвеститори кои сакаат да постигнат баланс меѓу брзо растечки компании кои поставуваат нови трендови и веќе добро изградени докажани компании кои имаат висока предвидливост во своето работење.

    Отворениот фонд Вега Финансии средствата ќе ги вложува во реномирани компании од секторот финансии, како најголемите светски банки кои се дел од светските берзански индекси, исплаќаат редовна дивиденда, имаат долга историја на постоење и се добро препознатлив бренд, како и во компании кои се суб-контактори на големите финансиски институции, кои воведуваат иновации во светот на финансиите од кои се очекува да станат битен фактор во овој сектор.

    Отворениот фонд Вега Кеш ќе биде традиционален паричен фонд, чие портфолио ќе биде составено од ликвидни инструменти кои може во брз рок да бидат ставени на располагање и е наменет за сите оние инвеститори кои не сакаат да превземат висок ризик, а имаат намера да ја зачуваат вредноста на капиталот или да го користат фондот како алатка за управување со тековната ликвидност.

    Банка чувар на имотот на отворените инвестициски фондови управувани од Вега Фондови АД Скопје (депозитарна банка) ќе биде НЛБ Банка АД Скопје која е дел од групата на големи банки во земјата.

    Лансирањето на четирите нови инвестициски фондови Вега Свет, Вега Технологија, Вега Финансии и Вега Кеш, ја заокружува палетата на услуги кои ќе ги врши ДУИФ Вега Фондови АД Скопје. Досега Друштвото имаше дозвола за извршување на услугите управување со средства во име и за сметка на индивидуален клиент (портфолио) и инвестиционо советување, при што преку услугата управување со портфолио управува со средства на клиенти од над 4,5 милиони евра . Оваа услуга е дизајнирана да им помогне на инвеститорите да ги позиционираат своите портфолија на вистинската страна преку обезбедување фокусирана изложеност на долгорочни секуларни трендови на раст.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично