ПОВЕЌЕ

    Изминатата недела пад под 10.000 амер. долари на Биткоинот

    Време зa читање: 3 минути

    Какви се предвидувањата за Биткоинот до крајот на 2019?

    Биткоин

    Изминатиот четврток и петок кобни за Биткоинот. Пад од околу 12.000 амер. долари на нешто под 10.000 амер. долари (9.533 амер. долари на 15-ти август) на Биткоинот. Ова претставува пад за 15% во однос на претходната недела. Меѓутоа, овој показател е позитивен, бидејќи Биткоинот се искачи на нереално висока цена за речиси 2 недели, велат експертите.

    Биткоинот доживеа големи флуктуации во текот на оваа година.

    Тие се движеа од околу 3.000 амер. долари во март, со висок скок во мај на околу 7.000 амер. долари, и пикот во јуни до 13.000 амер. долари. Некои експерти оценуваат дека создавањето на криптовалутата на Фејсбук – Либра, има за цел да го „убие“ Биткоинот.

    Можеби ќе ве интересира: „Новата официјална дигитална валута на Кина е речиси подготвена за употреба.

    Земајќи предвид дека Биткоинт е единствената крипто валута којашто добива светско внимание и прифаќање, тешко е неговото уништување. Имено, Биткоинот е глобално прифатен од страна на голем број организации и платежни системи.

    Биткоин 5 дневен преглед на цени (BTC-USD)
    Извор: Yahoo! Finance

    Предвидувањата на инвеститорите за 2019 година, е дека таа ќе биде во трендот на „бикот“. Некои од експертите предвидуваат и незамисливи бројки, од типот на 333.000 амер. долари до крајот на 2019 година, па и до 1 милион амер. долари до крајот на 2020 година. Речиси сите се сигурни дека нема простор за грижи со моменталниот пад на Биткоинот под 10.000 амер. долари. Всушност, инвеститорите се обидуваат да го оптимизираат „биковскиот“ тренд.

    Колку повеќе тргување, толку повеќе цена!

    Колку што е општо познато, Биткоините се ретки во нивната циркулација. Имено, тие може да бидат 21 милион по број добиени со „рударење“, од кои 17 милиони веќе се „ископани“. Останува „рударењето“ уште за само 4 милиони Биткоини, а тоа пак, ќе ја направи цената уште повисока.

    Дополнително, неколку држави, меѓу кои Јапонија и Јужна Кореа, изразуваат желба да го интегрираат Биткоинот во нивните финансиски системи. Тие планираат да постават регулирани пазари кои ќе функционираат слободно и сигурно.

    Земајќи ги предвид овие факти, предвидувањата за Биткоинот до крајот на 2019 година се очекува да ја достигне цената од 24.000 амер. долари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично