ПОВЕЌЕ

    Отворен е новиот МЕБЛИНГ ИЗЛОЖБЕН САЛОН И СЕРВИСЕН ЦЕНТАР за машини за обработка на дрво

    Време зa читање: 5 минути

    Вчера (16.4.2024) во Скопје Меблинг ДООЕЛ свечено го отвори новиот ИЗЛОЖБЕН САЛОН И СЕРВИСЕН ЦЕНТАР за машини за обработка на дрво! Лоциран на само 13 км од центарот на Скопје, во близина на с. Мирковци, новоизградениот објект е на вкупно 1200м2, со две нивоа од по 600м2. Плацот на кој е објектот заедно со дворното место во кое има зеленило, патеки за движење на транспортни возила и паркинг е на вкупно 3000м2. Во објектот, покрај Изложбениот салон за машини за дрвна индустрија и производство на мебел, ставени се во функција и: канцеларии за вработените; сали за состаноци и видео конференции; сала за обуки за работа со софтверот Corpus 3D; сала за обуки за работа со ЦНЦ машини за обработка на дрво и мебел; канцеларија за 3D принтинг; Сервисен центар за сервис и одржување на машини; и магацински простории.

    Објектот е изграден за 24 месеци, во доста непогоден период кога во светот имаше пандемија, а потоа и економска и енергетска криза. Тимот на Меблинг, кој брои над 10 лица, вложи огромна енергија и труд во изградбата на овој објект се со цел навремено се изгради и според предвидените градежни планови.

    Меблинг е компанија основана 2008г. и основна дејност и е увоз, продажба и сервис на машини за обработка на дрво. Во широката понуда можете да најдете сè, почнувајќи од основни машини за обработка, до високопродуктивни машини и aвтоматизирани центри за oбработка. Со оглед на тоа што нивното мотото гласи: „СÈ ЗА ДРВНАТА ИНДУСТРИЈА“, нудат секаков вид на машини, алатки, додатоци, софтвери, експертиза, сервис и одржување.

    Меблинг ДООЕЛ се официјани застапници за машини за дрвна индустрија за брендовите од Фелдер Груп од Австрија и тоа: Felder, Hammer, Format4 и Mayer. Го нудат целосното портфоило на брендовите кое опфаќа различни видови на машини од основни машини за обработка на масивно дрво до комплексни ЦНЦ машини за обработка на дрво и автоматизирано производство на мебел. Меблинг има над 400 клиенти кои добиваат целосна услуга при купопродажбата на машини, со монтажа, обуки како и со сервис и одржување.

    Felder Group е водечка компанија во светот за производство на машини за обработка на дрво. Основана во 1956 година во Тирол, Австрија од семејството Фелдер и како семејна компанија работи се до ден-денес. Веќе трета генерација на Фелдер раководи со групацијата, а сега на чело на компанијата се Хансјорк Фелдер и Мартин Фелдер. Со 68 години искуство позади себе и со јасно зацртан план за иднината, Фелдер Груп со над 800 вработени произведува над 180 различни видови на машини, како и софтвери и автоматизирани и роботизирани решенија. Фелдер Груп ги произведува 4 добро познати светски бренда на машини за обработка на дрво: Фелдер, Хамер, Формат 4 и Мајер кои можете преку Меблинг ДООЕЛ да ги набавите и во Р. Македонија.

    На отворањето на Изложбениот салон присутни беа претставници од Фелдер Груп од Австрија, на чело со Извршниот директор г-дин Хансјорк Фелдер, претставници од Австриската амбасада во Р. Македонија, претставници од општината Чучер-Сандево, како и голем број на клиенти, соработници и пријатели на Меблинг ДООЕЛ.

    Сопствениците на Меблинг ДООЕЛ Камче Милчов и Милка Милчова им се заблагодарија на сите присутни за нивната поддршка и долгогодишна соработка и најавија САЕМ ДОМА 2024 во нивниот нов Изложбен Салон од 17 до 20 април. Сите заинтересирани може да го посетат Саемот на кој ќе има голем број на изложени машини, одлични цени, промоции, обуки, презентации и изненадувањата за посетителите.

    Настанот беше организиран под мотото “Заедно да го продолжиме патот на иновации извонредност и успех во дрвната индустрија и производството на мебел!”

    ПР Објава

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично