ПОВЕЌЕ

    И Оракл е во разговори да го купи „TikTok“ 

    Време зa читање: < 1 минутa

    Софтверскиот гигант Оракл е во преговори да го купи „ТикТок“ во САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд, јавува CNBC.

    Оракл работи со група на американски капитални фирми кои веќе имаат удели во „ТикТок“, рече лицето, кое побара да не се именува бидејќи преговорите се приватни.

    „Фајненшл тајмс“ претходно известуваше за разговорите и ги именуваше Џенерал Атлантик и Every Capital како инвеститори кои работат со Оракл.

    Портпаролите на „ТикТок“ и „Оракл“ одбија да коментираат.

    Лицето додаде дека „Оракл“ и „Мајкрософт“ се далеку пред другите компании кои изразија интерес за преземање на „ТикТок“.

    Додека „Мајкрософт“ соработува со владата на САД повеќе од еден месец за да ги преземе средствата на „ТикТок“, ко-основачот и извршен директор на „Оракл“, Лери Елисон изрази поддршка за претседателот Доналд Трамп, чија администрација објави дека ќе го забрани „ТикТок“ во Соединетите држави, доколку кинескиот сопственик ByteDance „не ги продава своите операции во САД до ноември.”

    Елисон организираше кампања за прибирање финансиски средства за Трамп претходно оваа година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично