ПОВЕЌЕ

    Оптимистички крај на неделата за светските берзи

    Време зa читање: < 1 минутa

    Акциите на Вол Стрит пораснаа, бидејќи повеќето сектори на пазарот забележаа помали добивки.

    Поширокиот индекс S&P 500 порасна за 0,3%, индустрискиот Dow Jones 30 за 84 поени или 0,3% на 27.178 поени, а Технолошкиот NASDAQ 100 за 0,1%.

    Големите фармацевтски и технолошки компании се меѓу најголемите добитници, но пораснаа и вредностите на банкарските акции, бидејќи приносите на американските хартии од вредност останаа стабилни.

    Европските индекси забележаа големи добивки, во услови кога инвеститорите продолжуваат внимателно да ја следат ситуацијата околу претстојното излегување на Велика Британија од Европската унија.

    Индексто Euro Stoxx 50 порасна за 0,58%, германскиот DAX 30 за 0,14%, францускиот CAC 40 за 0,55%, а шпанскиот IBEX 35 за 0,44%. Само лондонската FTSE 100 падна за 0,13%, според Bloomberg.
    Во Азија, индексот Nikkei 225 во Токио се зголеми за 0,16%, додека во Хонг Конг индексот Hang Seng 50 е намален за 0,13%.

    Извор: Bankar.rs

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично