Акционерите на „Оилко КДА“ ќе добијат дивиденда пресметана по 600 денари бруто за акција. Вкупната сума што ќе ја поделат за минатогодишното успешно работење на компанијата е во износ од 141.543.000 денари, односно скоро 2,3 милиони евра.
Парите ќе легнат на сметките од акционерите чии имиња ќе се заведени во акционерската книга на 18 јуни, кога ќе биде направен пресек. Последен ден за тргување со право на дивиденда е 14 јуни.
Од добивката 2023 суми се двојат за неколку намени. Меѓу нив за управителот – 1.530.000 денари (24,8 илјади евра) и за вработените 13.000.000 денари (речиси 211 илјади евра).
Одлуките се донесени на одржаното Собрание на „Оилко КДА“.
Транспортерот и дистрибутер на нафтени деривати минатата година ја заврши со добивка од 350.044.251 денар или 5,68 милиони евра.