ПОВЕЌЕ

    Оглас за вработување во Агенција за супервизија на осигурувањето: Плата 51.950 денари

    Време зa читање: 2 минути

    Агенција за супервизија на осигурувањето објави оглас за следнава работна позиција:

    Советник за работи непосредно поврзани со Советот на експерти, Дирекција за работи непосредно поврзано со Советот на експерти

    Општи услови

    • –   да е државјанин на Република Македонија,
    • –   активно да го користи македонскиот јазик,
    • –   да е полнолетен,
    • –   да има општа здравствена способност за работното место,
    • –   со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

    Посебни услови

    • – ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки, Политички науки, Организациони науки и управување (менаџмент)
    • – најмалку 3 (три) години работно искуство во струката

    Општи работни компетенции

    • – решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
    • – учење и развој
    • – комуникација
    • – остварување резултати
    • – работење со други/тимска работа
    • – стратешка свест
    • – ориентираност кон странките/засегнати страни и
    • – финансиско управување

    Посебни работни компетенции

    • – активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
    • – активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

    Распоред на работно време

    • –   Работни денови понеделник-петок
    • –   Работни часови неделно 40
    • –   Работно време од 07:30 до 15:30
    • –   Опис за работното време cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот

    Паричен нето износ на плата: 51.950,00 денари

    НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2020 год. се : Македонец(ка) 1.

    Аплицирај [ Т У К А ]

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично