ПОВЕЌЕ

    Од утре повисока казнена камата за граѓаните

    Време зa читање: 2 минути

    Од утре 01.07.2023 година, сите граѓани кои имаат долгови кон правни лица ќе плаќаат повисока законска казнена камата. Со одлуката на Народната банка на Македонија од 26 јуни референтната каматна стапка е 6, со што вкупната законска казнена камата што граѓаните ќе ја плаќаат во наредните шест месеци ќе биде 14% годишно.

    Ова значи дека за неплатен долг од 1000 денари, како казна ќе се плаќат 140 денари, за долго од 10.000, 1.400 денари итн, итн.

    Според измените на Законот за облигационо односи во 2009 година, законската казнена камата се пресметува така што на референтната каматна стапка се додаваат дополнителни осум процентни поени.

    Казнена камата = Референтна камата на НБРМ + 8 процентни поени

    Со одлуката на НБРМ се зголемува казнената камата што ќе ја плаќаат и фирмите кои што должат на други фирми и таа ќе изнесува 16% на годишно ниво.

    ЗАКОНСКИ КАЗНЕНА КАМАТА

    01.07. – 31.12.2023 14% ГОДИШНО
    01.01. – 30.06.2023 12,75% ГОДИШНО
    01.07. – 31.12.2022 10% ГОДИШНО
    01.01. – 30.06.2022 9,25% ГОДИШНО
    01.07. – 31.12.2021 9,25% ГОДИШНО
    01.01. – 30.06.2021 9,50% ГОДИШНО
    01.07. – 31.12.2020 9,50% ГОДИШНО
    01.01. – 30.06.2020 10,25% ГОДИШНО
    01.07. – 31.12.2019 10,25% ГОДИШНО
    01.01. – 30.06.2019 10,50% ГОДИШНО
    01.07. – 31.12.2018 11% ГОДИШНО
    01.01. – 30.06.2018 11,25% ГОДИШНО

    Г.Т

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично