Кај нетрговските трансфер на акции на котирани друштва неделната статистика забележала подарени, наследени… 5.300 хартии од вредност, издадени од 11 компании и од две банки. Најбројни се оние на „Гранит“, а ударен ден бил понеделник со 3.611 акции.
Акциите на градежната компанија, чиј вкупен број е 1.924 и зафаќа речиси третина од сите минати низ овој процес, трансферирани се во три наврати: понеделнички 1.532, во среда 356 и во петок 36 обични акции.
На трипати се заведени и акциите на Комерцијална банка, трансферирани последователно од среда до петок. Прво 60, па 230 и на крајот 12, или сѐ заедно 302 обични акции.
Во податоците од Централниот депозитар за хартии од вредност што ги објавува Македонска берза се повторува преносот на акциите на уште две компании. На 1.012 од „Алкалоид“ – 569 плус 443; и на „Макпетрол“ – првиот пат шест, а вториот 20 обични акции.
Според бројноста следуваат 700 обични акции на „Либерти“ АД Скопје, па 462 на Фабриката „Карпош“. Забележани се по 350 акции на „Макстил“ и на „АрцелорМиттал“ (ХРМ). А, од „Димко Митрев“ АД Велес – 104 обични акции.
Во минатонеделните нетрговски трансфери минале и 56 обични акции на Стопанска банка Битола. Исто така и по пет акции издадени од скопските „Уготур“ и РЖ „Интер-Трансшпед“, како и четири обични акции од РЖ „Економика“.