ПОВЕЌЕ

    Од ПИОМ појаснуваат зошто е внесена максимална пензија од 60.294 денари, а ниту еден пензионер не ја прима

    Време зa читање: < 1 минутa

    Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ја објави статистиката за февруари во која кај максималните пензии е пресметана највисока пензија од 60.294 денари иако ниту еден пензионер нема толку високи примања. Од Фондот појаснуваат зошто сепак постои ваква графа кај максималните пензии.

    ,,Од 01.01.2022 година има новоформирана максимална пензија согласно член 230 став 1 и член 52 став 1 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија Сл.весник 98/2012 година и објавата на Државниот завод за статистика број 4.1.22.16 од 22.02.2022 година за износот на просечно остварената нето плата во 2021 година, износот на пензијата е 60.294,00 денари и истата ќе важи од 01.01.2022 а решенијата ќе се донесуваат од 01.03.2022, велат од Фондот за порталот ,,Пари”.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично