ПОВЕЌЕ

    Од пет акции со најголем месечен раст – четири се банкарски

    Време зa читање: 3 минути

    Акциите од четири банки се на берзанската листа која го бележи највисокиот месечен раст на вредноста на акциите. Една по друга се поредени УНИ, Комерцијална, НЛБ и ТТК банка. Што укажува дека банките, односно нивните акции го привлекуваат најголемото внимание на инвеститорите.

    На првата позиција е акцијата на УНИ банка со најголемо поместување од 12,15 проценти. На последниот ден од февруари просечната цена е 7.100 денари, за разлика од претходното ниво со датум 31 јануари, кога акцијата е со вредност од просечни 6.331 денар.

    Со исчекор од 7,09 проценти, следна е акцијата на Комерцијална банка. Според податоците од месечниот билтен на Македонска берза, акцијата на најголемата домашна банка се придвижила од јануарските 15.884,47 денари на просечните 17.010,44 денари забележани на 29 февруари.

    На крајот од првот месец од годинава акцијата на НЛБ банка имала просечна цена од 32.768,96 денари, а 29 дена подоцна – 34.988,57 денари. Разликата се бележи со 6,77 проценти.

    Ист раст – од 6,77 насто има и кај акцијата на ТТК банка. Февруари го завршила со просечна вредност од 1.515 денари. Во јануари, покажуваат берзанските податоци, просекот бил 1.419 денари.

    Во друштвото на четирите банки е акцијата на скопски „Алкалоид“. На листата акции со највисок раст е на петтото местокопје. Од 19.300 денари во јануари, просечната цена во февруари се зголемила на 20.512,91 денар, што означува движење по нагорна линија од 6,28 проценти.

    И на врвот од листата на која се нотирани акциите со најголем месечен пад, е банка. Овојпат Стопанска банка Скопје, чија приоритетна акција е со предзнак минус од 8,75 проценти. Од 800 денари во јануари се симнала на просечни денари во февруари.

    Зад неа е акцијата на прилепска Витаминка. На 31 јануари имала просечна вредност од 10.700 денари, а на 29 февруари 10.000 денари. Негативата е 6,54 отсто.

    Акцијата на Окта“ е на средината од листата со пад од 1,80 проценти. На крајот од минатиот месец просечната цена изнесувача 4.900, додека јануарскиот праг бил означен со 4.990 денари.

    Потоа е запишана акцијата на Тетекс од Тетово. Од 2.820 денари на крајот од јануари, просечната цена во февруари опаднала на 2.800 денари. Минусот е 0,71 отсто.

    На крајот од темната берзанска листа е „Прилепска пиварница“, со најмал пад од 0,6 проценти. На 31 јануари просечната цена била 33.501 денар, а на 29 февруари – 33.301 денар.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично