ПОВЕЌЕ

    Од 3.827 акции во нетрговските трансфери, 2.070 се на Оилко

    Време зa читање: 2 минути

    Минатата недела нетрговските трансфери се заокружени со 3.827 акции, обични и приоритетни. Издадени се од 12 друштва кои котираат на Македонска берза. Меѓу нив, и акции од три банки. Ударен ден бил петокот, кога е извршен пренос на 2.460 хартии од вредност.

    Во текот на тој ден се забележани и подарените или наследени 2.070 обични акции на Оилко КДА Скопје. Во вкупниот број трансфери имаат удел од 54 проценти. Со овие акции подолго време не е тргувано, но просечната единечна цена е шест илјади денари.

    Статистиката на Централниот депозитар за хартии од вредност евидентирала дека акциите на Комерцијална банка се трансферирани на трипати: 25 во вторник, две во среда и 10 во петок.

    Во два наврати се среќаваат преносите на хартиите од вредност и на другите две банки. На Стопанска банка Скопје: во понеделникот 119 и во средата уште шест приоритетни акции. И на ТТК банка: 23 во четврток и 44 обични акции во петок.

    Исто така, на двапати се среќаваат и трансферите на акциите на Макпетрол – во вторникот 12 и во петокот 14. Како и на Алкалоид: во средата 803, во петокот 242, или вкупно 1.045 обични акции.

    Нетрговски трансфери се извршени со 124 обични акции на ФЗЦ 11 Октомври АД Куманово и на 109 од БИМ АД Свети Николе.

    Евидентирани се и 97 акции на Македонијатурист АД Скопје, како и 80 на Гранит АД Скопје.

    Во текот на претходната работна седмица нетрговски била пренесена сопственоста и на 33 обични акции од Аутомакедонија АД Скопје. И на 14 издадени од Окта АД Скопје.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично