ПОВЕЌЕ

    Натка Самоиловска е нов член на Управниот одбор на ВФП Пензиско друштво

    Време зa читање: 2 минути

    Натка Самоиловска е именувана за нов член на Управниот одбор на ВФП Пензиско друштво АД Скопје. Доаѓа на местото на Артон Лена. Промената е направена со одлука на Надзорниот одбор на друштвото, а одобрение за именувањето дало и МАПАС – Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.

    Од ВФП Пензиско друштво информираат дека промената во органот на управување е пријавена согласно Законот за хартиите од вредност.

    Самоиловска од самиот почеток е вклучена во реформата на пензискиот систем. Веќе пет години е дел од ВФП Пензиско друштво, каде што досега работела како раководител на бек офис, односно се занимавала со административните и оперативни работи. Зад себе има и 16-годишно искуство во КБ Прво пензиско друштво. Знаењата од областа на менаџментот на човечки ресурси ги стекнала на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања.

    Со именувањето на Самоиловска, Управниот одбор на ВФП Пензиско друштво добива нов член со искуство во пензискиот сектор и во оперативното управување со пензиско друштво.

    Р.П.

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично