ПОВЕЌЕ

    Обложувалниците и казината „ќариле“ милиони

    Време зa читање: 6 минути

    Во обложувалниците на „Лајф трејд“ минатата година дефинитвно се свртела најголемата сума и е направена најголемата добивка во овој бизнис – покажува анализата на „Бизнис Мрежа“. Обложувајќи се на својот омилен тим и чекајќи да „ќарат“ од прогнозата, граѓаните и овозможиле на „Лајф трејд“ да сврти сума од 86,8 милиони евра и да оствари добивка од 4,8 милиони евра.

    Во ова трговски друштво што официјално е регистрирано во 2007 година во земјава, минатата година има пад на приходите за 2,3 % во однос на претходната година, додека кај добивката падот изнесува 8,3 отсто. Но и покрај полошите финансиски резултати сепак „Лајф трејд“ ги има најголемите приходи и добивка во бизнисот.

    „Лајф трејд“, го имаат и најголемиот број на вработени, што во текот на минатата година стигнува до бројка од 916, која во однос на претходната година е зголемена за речиси пет отсто.

    Во обложувалниците на „Делтабет“ е свртена втората најголема сума, додека пак казината „Апекс“ ја имаат втората најголема добивка во текот на минатата година.

    Па така, во „Делтабет“, љубителите на обложувањето, од каде што доаѓаат најголемите приходи во компанијата, овозможиле низ рацете на вработените да се сврти сума од 49,5 милиони евра. Но, оваа сума направена во текот на минатата година е намалена за 3,9 отсто во споредба со претходната година. Додека, пак овие обложувалници лани прават добивка во износ од 1,3 милиони евра, што е зголемување за 11 отсто во споредба со 2018 година.

    Во „Делтабет“, лани работеле 588 луѓе и нивниот број во однос на претходната година е зголемен за 29,2 отсто, што практично е најголем раст на ббројот на вработени во овој бизнис.

    Обложувалниците на „Лајф трејд“ и казината на „Апекс МК“ во тесна трка за најголема добивка  

    Во „Апекс МК“ казината лани е направена втората најголема добивка во овој бизнис, но истата е само нешто помала од најголемата добивка во овој бизнис направена во обложувалниците на „Лајф трејд“.

    Односно, во казината на „Апекс МК“ лани е остварена добивка од 4,6 милиони евра, што е за околу 200 илјади евра помалку од добивката на „Лајф трејд“. Но, оваа добивка на „Апекс МК“ е остварена од драстично помали приходи во споредба со приходите на „Лајф трејд“. Односно, „Апекс МК“ лани имаат приходи од 10,3 милиони евра, додека приходите на „Лајф трејд“ се 86,8 милиони евра.

    Но, „Апекс МК“, лани бележат и поголем раст на приходите и тоа за 25,1 отсто во споредба со претходната година, додека пак добивката е зголемена за 32,4 отсто во истиот период. Во овие казина има 221 вработен во текот на минатата година.

    2019 годинаПриход €Добивка €Вработени
    ЛАЈФ ТРЕЈД86,800,0004,800,000916
    АПЕКС МК10,300,0004,600,000221

    Третета најголема добивка ја има „Ма гаминг“, што минатата година стигнува до износ од 3,3 милиони евра и во однос на претходната година е зголемена за 8,3 отсто.  Приходите што тука се свртеле низ рацете на 446 вработени, достигнуваат износ од 22,2 милиони евра што во однос на претходната година е зголемување за 14,7 отсто.

    А нешто помала добивка имаат „Касионс Аустриа Интернатионал Македонија“ каде интересно е дека добивката изнесува 3,1 милиони евра, а приходите се во износ од 3,3 милиони евра во текот на минатата година и истите бележат раст во однос на преходната.

    Атрактивно и за соседите од Грција, „Принцесс хотел и казно“ со милионски приходи, но не и добивки

    Лоцирано во непосредна близина на границата со Грција, гевгелиското „Принцесс хотел и казино“ не е атрактивно само за домашните посетителуи, туку и за грчките државјани, кои во вечерните часови организирано, но и со сопствен превоз ја минуваа границата за да уживаат во забавата на која не може да и одолеат. Секако, ваквата слика беше секојдневие се до затворањето на границите со соседна Грција годинава поради пандемијата со Ковид 19.

    А лани, во ова казино работеле 584 луѓе, и се свртела сума од 47,3 милиони евра. Истата е зголемена за 16,7 отсто во однос на претходната година. Сепак, во ова казно регистрирана е добивка од 536.800 евра, која бележи зголемување во однос на претходната година.

    „Бет ту мар“ со приходи од 37,1 милиони евра има добивка од 20.900 евра минатата година, додека пак „Про – бетинг“ има приходи од 34,8 милиони евра и не прикажува добивка.

    Во обложувалниците на „Златна копачка“ се свртела сума од 33,6 милиони евра, но добивка не се прикажува а во овие обложувалници работат 292 вработени.

    Во битолското „Клуб спорт 77“ лани се свртела сума од 27,6 милиони евра, и бележи раст од 21,2 отсто, додека добивката изнесува 238.400 евра и истата е намалена за 59,1 отсто. Во оваа битолска обложувалница лани работеле 438 луѓе и нивниот број во однос на претходната година е зголемен за 20,3 отсто.

    „Сенатор Македонија“ минатата година има приходи од 26,3 милиони евра, а добивка од 1,2 милиони евра. Иако приходите бележат раст во споредба со претходната година од 11,4 отсто, добивката е намалена за 25,7 отсто.

    „Макотен“ има приходи од 19 милиони евра направени во текот на минатата година, и истите се зголемени во однос на претходната година за 9,8 отсто, сепак во последните две години не прикажува добивка. Компанијата вработува 579 луѓе.

    КАЗНИНА И ОБЛОЖУВАЛНИЦИ СО НАЈГОЛЕМИ ПРИХОДИ

    Десет казина и обложувалници со најголеми приходи минатата година свртеле сума од 385,2 милиони евра и ќариле 11,5 милиони евра. Ова го покажува анализата што ја направи „Бизнис мрежа“. Иако приходите им се зголемиле споредено со 2018 година за 8,2 отсто, сепак во десетте најголеми казина и обложувалници каде лани работеле 4.766 луѓе е регистриран пад на добивката за 15,2 отсто.

    Финансиските податоците покажуваат дека во десетте најпрофитабилни во овој бизнис минатата година влегуваат Лајф трејд, Делта Бет, Принцесс хотел и казино, Бет ту мар, Про – бетинг, Златна копачка, Клуб спорт 77, Сенатор Македонија, Ма гаминг, и Макотен.

    Казина и обложувалници со најголеми приходи во 2019 година

    НазивПриход €
    Лајф трејд86,800,000
    Делтабет49,500,000
    Принцесс хотел и казино47,300,000
    Бет ту мар37,300,000
    Про – бетинг34,800,000
    Златна копачка33,600,000
    Клуб спорт26,700,000
    Сенатор Македонија26,300,000
    Ма гаминг22,200,000
    Макотен 19,800,000

     

    КАЗИНА И ОБЛОЖУВАЛНИЦИ СО НАЈГОЛЕМИ ДОБИВКИ

    Ако се следат пак десетте казина и обложувалници со најголеми добивки направени во текот на минатата година, листата малку се менува. Во овие десет казина и обложувалници е направена вкупна добивка од 21,1 милиони евра при што се свртела сума од 295 милиони евра.

    Финансиските податоци за минатата година покажуваат дека десетте казина и обложувалници со најголеми добивки се Лајф Трејд, Апекс МК, Ма- гаминг, Касинос Аустриа Интернатионал Македонија, Мастербет, Делтабет, Сенатор Македонија, Принцесс хотел и казино, К.А.К и Клуб спорт 77.

    Казина и обложувалници со најголема добивка за 2019 година

    НазивДобивка €
    Лајф трејд4,800,000
    Апекс МК4,600,000
    Ма гаминг3,300,000
    Касинос Аустриа Интернатионал Македонија3,100,000
    Мастербет1,600,000
    Делтабет1,300,000
    Сенатор Македонија1,200,000
    Принцесс хотел и казино540,000
    К.А.К274,000
    Клуб спорт 77240,000

    Овие казина лани имале вкупен раст и на приходите и на добивката а се зголемил и вкупниот број на вработени и достигнал 4.347.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично