ПОВЕЌЕ

    Новиот чувар на имот на ВФП е Комерцијална банка АД Скопје

    Време зa читање: < 1 минутa

    Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), ја известува јавностa дека на 07.11.2023 година успешно е извршена миграцијата на имотот на ВФП отворен доброволен пензиски фонд – Скопје, од Шпаркасе банка АД Скопје во новата банка чувар на имот Комерцијална банка АД Скопје.

    Почнувајќи од 08.11.2023 година Комерцијална банка АД Скопје ја превзема улогата на банка чувар на имот на ВФП отворен доброволен пензиски фонд – Скопје.

    Банка чувар на имот е институција на која и е доверена одговорноста за чување на средствата на пензиски фонд, а нејзините функции во врска со чувањето на средствата се утврдени согласно законите за капитално финансирано пензиско осигурување.

    За повеќе информации во врска со капитално финансирано пензиско осигурување посетете ја нашата веб страна www.mapas.mk

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично