Комерцијална банка АД Скопје го продолжи промотивниот период до 31.10.2019 година, во кој најповолниот готовински кредити со ЕУР клаузула до 30.000 евра се нуди со рок на отплата до 120 месеци. Кредитот има атрактивни каматни стапки за приматели на плата во Банката од 4,9% фиксна, годишна за првите две години и 5,9% променливa, годишна за остатокот од периодот на отплата.
Кредитот е наменет за:
Вработени во редовен работен однос на неопределено или определено време во јавната администрација, во правни лица прифатливи за Банката и во дипломатски странски претставништва, за кои не е задолжително својата плата да ја примаат на сметка на Банката. Вработените на определено време е неопходно да имаат непрекинат стаж во конкретната фирма од најмалку 12 месеци.
Пензионери кои примаат пензија на трансакциска сметка во Банката, а кои оствариле право на пензија по други основи, а не по основ на исполнување законска старосна граница и кои на крајниот рок на отплата на кредитот не надминуваат 62 години старост за жени, односно 64 години старост за мажи.
AПЛИЦИРАЈ ONLINE – За корисниците на услугата електронска банка, кои имаат опција за плаќање, овозможена е побрза и поедноставна постапка за online аплицирање за кредит.
Повеќе информации за кредитот на следниот линк.