ПОВЕЌЕ

    НЛБ БАНКА ВО ПОТРАГА ПО АНАЛИТИЧАР – советник за финансиско известување

    Време зa читање: 2 минути

    НЛБ Банка АД Скопје, како банка која е силно посветена на луѓето и континуирано инвестира во своите вработени, продолжува да го поттикнува професионалниот раст и развој на вработените.

    Доколку сакате да работите на изготвување на финансиските извештаи на Банката, Секторот за финансиско управување нуди можност за зајакнување на својот тим на успешни професионалци, и ве мотивираме да се пријавите на отворената работна позиција:

    Аналитичар – советник за финансиско известување Сектор за финансиско управување

    Активности во службата:

    • Изготвување на финансиски извештаи во согласност со регулативата на НБРСМ, според МСФИ и во согласност со сметководствените политики на НЛБ Групацијата;
    • Координација и надзор на ревизија на финансиските извештаи на Банката од страна на надворешен ревизор;
    • Следење и примена на Меѓународните сметководствени стандарди, Методологијата за евидентирање и вреднување на сметководствените ставки и Сметковниот план и други законски прописи поврзани со работењето на Банката;
    • Управување со податоците на Банката за цели на известување;
    • Изработка на финансиски анализи и мислења од доменот на работењето;

    Твојот профил:

    • Универзитетско образование;
    • Минимум 2 години работно искуство во областа на финансиски извештаи на банки;
    • Познавање на сегментот – управување со податоци и Power BI ќе се смета за предност како и познавање од областа на сметководствените стандарди;
    • Одлично познавање на MS Office – MS Excel и MS PowerPoint;
    • Одлично познавање на англиски јазик;
    • Изразени организациски, комуникациски и тимски способности, ангажираност, иницијатива, темелен пристап кон работата и спремност за промени.

    Мотив да ни се придружите:

    • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
    • Континуирани обуки и индивидуален кариерен развој;
    • Конкурентен пакет на плата и надоместоци;
    • Приватно здравствено осигурување.

    Потврдете го вашиот интерес со доставување на мотивациско писмо во кое ќе ги образложите амбициите, мотивите и начините на придонес на наведеното работно место како и кратка биографија (CV) најдоцна до 03.03.2023, на [email protected] со назнака: Аналитичар – советник за финансиско известување.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично