ПОВЕЌЕ

    Ниту една петина од луѓето не знаат како функционира рударењето на биткоини

    Време зa читање: 2 минути

    Оваа криптовалута привлекува се повеќе инвеститори.

    Сепак, крипто-почетниците не истражуваат многу пред да започнат со рударство или пред да се одлучат да инвестираат во биткоин, открива неодамнешното истражување на софтверската компанија Кардиф.

    Податоците собрани од 750 инвеститори во истражувањето спроведено од 5 до 12 февруари, во период во кој цената на еден биткоин порасна од 37 000 на 47 000 долари, покажува дека само 16,9 проценти од инвеститорите кои ја купиле оваа дигитална монета „целосно ја разбираат“ вредноста и потенцијалот на криптовалутата, додека 33,5 проценти од купувачите или не знаат ништо за оваа област или нивното ниво на знаење е „во зачеток“, пренесува CNBC. Сепак, недостатокот на знаење или разбирање не ги спречи да ја купат таа виртуелна валута.

    Истражувањето открива дека повеќе од 40 проценти од сите набавки на крипто доаѓаат од нови инвеститори. Ова делумно се должеше на растечкиот тренд на прифаќање на биткоинот како платежно средство. Во изминатите два месеци, и PayPal и компанијата за финтек Square, го додадоа биткоинот на нивните платформи.

    Резултатите од истражувањето исто така покажуваат дека многу нови инвеститори во акцијата биле мотивирани од страв да не ја испуштат можноста за заработка. Повеќе од една третина од испитаниците истражувале дигитални валути помалку од еден месец пред да купат, а секој четврти купувач изјавил дека започнале со надеж дека ќе остварат профит на краток рок.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично