ПОВЕЌЕ

    НИКОЛОСКИ: Уште 10 километри од автопатот ќе се пуштат во сообраќај

    Време зa читање: 2 минути

    Делот од автопатот Охрид – Кичево што со години важеше за најголем градежен предизвик влегува во завршна фаза. Две од планираните галерии се целосно изградени, на третата интензивно се работи, а во следните месеци се најавува пуштање во сообраќај на дополнителни десет километри од трасата.

    Станува збор за најсложениот дел од автопатот, каде што се наоѓаат тунелите, галериите, мостовите и нестабилните делови од земјиштето.

    Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски информира дека паралелно се работи на стабилизација на теренот, довршување на мостовите и на двете тунелски цевки.

    Според него, изградбата на галериите се покажала како ефикасно решение за заштита на автопатот од одрони и за стабилизирање на земјиштето.

    „Две галерии се целосно завршени, а на третата интензивно се работи. Изградбата на галериите е најдоброто решение за стабилизација на земјиштето, што и на терен се покажува како ефикасно“, наведе Николоски.

    Во моментов, според министерот, возачите користат 34 километри од автопатската делница, а во наредните месеци треба да бидат отворени уште десет километри.

    „Ова беше проект во кој никој не веруваше, но веќе се гледа крајот“, порача Николоски.

    Со отворањето на новиот дел значително би се зголемила должината на трасата што е ставена во функција. Сепак, не е соопштен точен датум кога најавените десет километри ќе бидат пуштени во сообраќај.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично