ПОВЕЌЕ

    Дали основачот на компанијата „Никола“ презентирал лажни информации со цел да ја зголеми вредноста на компанијата?

    Време зa читање: 2 минути

    Компанијата за производство на електрични автомобили „Никола“ би можела да биде во неволја. 

    Според извештајот направен од истражителите од компанијата “Хинденбург Рисрч”, компанијата Никола е измама, а нејзиниот основач презентирал лажни информации со цел да ја зголеми вредноста на компанијата.

    Според нив, основачот на „Никола“, Тревор Милтон, ја измами јавноста за технологиите што ги поседува неговата компанија, сè со цел да склучи партнерства со големи компании. Милтон беше обвинет и за непотизам. Меѓу другото, се наведува дека камионот “Никола Еден” никогаш не бил во функција.

    Компанијата Никола лажно ги претставуваше и напорите за развој на нов вид батерии за употреба во електрични возила, се вели во извештајот.

    Извештајот содржи и низа други обвинувања за измама од страна на Николас и Тревор Милтон, вклучително и наводни лажни прикази на Милтон за претходните компании што ги основал и продавал.

    Милтон ги негираше обвинувањата и оцени дека воопшто не станува збор за вистински извештај, туку дека целата работа е нарачана и дека оние што го сториле тоа биле водени од алчност.

    „Нема што да криеме, ќе ги побиеме овие тврдења“, напиша тој.

    „Никола беше проверен од некои од најверодостојните компании и инвеститори во светот. „Ние сме на патот кон успехот и нема да се поколебаме врз основа на извештајот исполнет со погрешни информации“, соопшти компанијата.

    Истражувачката компанија Хинденбург изјави дека „Никола“ не одговорил на ниту едно од 53-те прашања што ги поставиле во извештајот, и покрај најавата дека ќе побијат сè што е во него.

    Милтон во петокот на Твитер напиша дека прашањата на Хинденбург се премногу лесни и дека наскоро ќе објави детален одговор.

    Никола исто така изјави дека ја ангажирале адвокатската фирма Киркленд и Елис за да разгледаат понатамошни чекори.

    Џенерал Моторс (ГМ) неодамна објави дека купува 11 процентен удел во американската корпорација „Никола“, која се занимава со производство на електрични камиони.

    Двете компании ќе работат заедно на камионот „Никола Баџер“, чие производство, како што се предвидуваше, треба да започне до крајот на 2022 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично