Шест нетрговски трансфери со 577 обични акции се извршени во текот на минатата работна седмица. Според просечните цени на акциите, нивната вкупна вредност е околу 10 илјади евра.
Најголемиот пренос е направен со 307 акции на Македонски Телеком. Нивната просечна цена е 500 денари, а веќе извесен период се зголемува интересот на инвеститорите за оваа акција.
Подарени или наследени се и 123 акции од Неметали Огражден од Струмица. Со акциите на компанијата за преработка на минерални суровини не се тргувало во последните 52 недели, а берзанските податоци покажуваат дека имаат просечна цена од 1.900 денари.
ПРОФИТОТ НА БАНКИТЕ И КОГА ПАЃА Е БЕЗ КОНКУРЕНЦИЈА, кај секторот трговија има спектакуларен скок
На берзата нема трансакции ниту со акциите Макотекс, но минатата недела се трансферирани 106, чијашто единечна цена е 20 денари.
Во статистиката на Централниот депозитар за хартии од вредност се и 30 обични акции на ВВ Тиквеш Кавадарци. Тие се со просечна цена од 7.300 денари, произлезена по последното тргување од 22 јули.
Без берзанска трансакција сопственик смениле 9 обични акции издадени од ГД-Тиквеш АД Кавадарци, а секоја од нив вреди по просечни 1.000 денари.
Последниот минатонеделен нетрговски трансфер е реализиран со 2 обични акции на ТТК Банка. Овие акции имаат просечна цена од 1.150 денари.
Аналитика








