На крајот на март 2021 година, официјалните девизни резерви изнесуваат 3.939,2 милионa евра, објави Народната банка.
Во однос на претходниот месец бележат зголемување за 641,2 милионa евра.
Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (82,7%) по што следуваат валутите и депозитите (9,3%) и монетарното злато (8,1%).