На последната седница на Советот на Народната банка ја разгледа и ја донесе Одлуката за изменување на Одлуката за методологијата за пресметување годишна стапка на вкупните трошоци, со којашто треба да се овозможи поголема заштита на корисниците на потрошувачките кредити.
Поконкретно, согласно со донесената одлука, давателите на потрошувачки кредити во пресметката на СВТ ќе треба да ги вклучуваат сите категории трошоци коишто ги намирува кредитокорисникот и за коишто со Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити не е предвидено да не бидат опфатени со оваа пресметка. Во овие тошоци влегуваат трошоците за камати, провизии, даноци, други надоместоци како и дополнителните трошоци поврзани со потрошувачкиот кредит во кои влегуваат и премиите за осигурување на кредитот.
Со направената измена во регулативата се очекува дека ќе се обезбеди уште поголема транспарентност во формирањето на цените на потрошувачките кредити и дека на кредитобарателите ќе им биде навремено достапна поцелосна информација за вкупните трошоци коишто ќе ги имаат на годишно ниво, што ќе им обезбеди и поголема заштита како потрошувачи.