ПОВЕЌЕ

    Најмоќни жени во банкарството: Кели Кофи

    Време зa читање: 2 минути

    Кели Кофи е извршен директор на City National Bank. Со нејзиното приклучување во банката минатата година, таа е во кунтинуиран раст.

    Не само што отвори канцеларии во најголемите области во САД и ги екипираше со ново ангажирани тимови, таа работеше на засилување на нејзиното проширено физичко присуство со посилно виртуелно присуство.

    Нејзината цел е трансформација поттикната од дигиталната технологија што и овозможува на банката со седиште во Лос Анџелес, одамна позната по тоа што ја служи индустријата за забава – да биде дигитално насочена банка за врски. Во текот на изминатата година, банката воведе нова апликација за мобилни телефони, ги зајакна своите можности за трезорски услуги и го насочи процесот за привлекување на нови клиенти.

    Банката, единица на Канадската Ројал банка со седиште во Торонто, исто така ги прошири своите понуди преку аквизиции на финтех. Аквизициите ги опфаќаат сите активности коишто се однесуваат на купување, продажба, поделба и комбинирање на различни компании со цел да се постигне поголем раст и профит.

    Со купувањето на FilmTrack, се понуди управување со права на интелектуална сопственост која се обработува во облак, во август 2019 година. Потоа следеше процес со интеграција на Exactuals, платформа за плаќање што ја купи во август 2018 година за да им овозможи на своите клиенти да ги следат и да управуваат со авторските права. Потезите помогнаа за одржување на растот на City National Bank, кој продолжи со брзо темпо минатата година дури и во услови на пад на каматните стапки. Средствата скокнаа на 71,5 милијарди долари од 30 јуни, наспроти 55 милијарди долари една година порано.

    Прочитај и: Најмоќните жени во банкарскиот сектор – Елен Елемани

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично