Комерцијална банка зеде учество на прославата на Македонската банкарска асоцијација организирана по повод Светскиот ден на штедењето – 31 Октомври.
Пред своите колеги, соработници, ученици и студенти, нашиот тим го престави проектот „Финансиска училница“ кој има за цел да им пренесе што повеќе финансиско знаење на децата и младите за да можат подготвени да влезат во светот на личните финансии и да градат здрави финансиски навики.
Во рамки на настанот се доделија и признанија за најдобрите службеници, меѓу кои беа и колегите од Комерцијална банка, Елена Аврамоска Мишкова, Бејда Адеми и Маријан Шамоски.