Во Кембриџ е отворена истражувачка лабораторија на мистериозен стартап, која работи на пронаоѓање технологија што може да го продолжи животниот век на човект. Наводно, стартапот е поддржан од Џеф Безос.
Исто така, се очекува да се отворат истражувачки центри во Јапонија и Сан Франциско.
Нивната цел е да измислат технологија која може да ги подмлади клетките на животинското ткиво, што би требало да доведе до подолг животен век.
Руско-израелскиот милијардер Милнер преку портпарол потврди дека инвестирал пари во оваа компанија.
Altos Labs собра најмалку 270 милиони долари
Безос, исто така, инвестираше пари во Unity Biotechnology, чија цел е „да го продолжи периодот во кој едно лице не е оптоварено со болести што настануваат како резултат на стареење“.
MIT Technology Review тврди дека Altos Labs собрал најмалку 270 милиони американски долари од основањето кон крајот на минатата година.
Глобалниот пазар за технологии против стареење се очекува да надмине 271 милијарди долари до 2024 година.