ПОВЕЌЕ

    Пораки на Мукеш Амбани, најбогатиот индиец во светот

    Време зa читање: 2 минути

    Најбогатиот индиец во светот Мукеш Амбани, е петтиот најбогат човек во светот, согласно најновата листа на „Форбас“.

    Мукеш Амбани управува со нафтениот и гасен гигант „Reliance Industries“ со  88 милијарди долари приход, со што е меѓу највредните компании во Индија. Поточно конгломератот  „Reliance Industries“ на чие чело е Амбани, е активен во повеќе бизниси: нафта, гас, текстил, трговија, телекомуникации, издаваштво

    „Reliance“ е основана од неговиот покоен татко Зирубхај Амбани, трговец со визија, кој во 1966 година бил мал производител на текстил.

    По смртта на неговиот татко во 2002 година, со помладата сестра Анил ја поделија семејната империја.

    Во 2016 година, „Reliance“ предизвика војна на цените на индискиот хиперконкурентен телеком пазар со лансирање на 4Г телефонскиот сервис „Јио“.

    Во услови на Ковид 19, Амбани „собра“ повеќе од 20 милијарди долари продавајќи една третина од „Jио“ на низа инвеститори, како што се „Фејсбук“ и „Гугл“.

    Во продолжение се неговите пораки кои го водат нив животот:

    „Врските и довербата. Тие се темелот на животот„

    „Сите ние, на некој начин, се мачиме цело време, затоа што никогаш не успеваме да го добиеме она што го сакаме. Важна работа што научив е никогаш да не се предавам, затоа што ретко кога успеваш во нешто од прва“

    „Интернетот е најголемото откритие после печатарската преса“

    „Интернетот и дигиталните услуги нема повеќе да бидат луксуз, достапен само за привилегираните“

    „Сметам дека амбицијата е битна за секој претприемач. Но, амбицијата треба да е реална. Мора да сфатите дека не може да направите баш се“

    „Да растеме како луѓе и како компанија, за нас е начин на живот, и мора да растеме постојано“

    „Не е доволно само да пишувате домашни заедно со вашите деца. Учете ги да ја сакаат природата, водете ги во прошетки, на планина“

    „Нашата организациска структура е како стоногалка, па ако загуби 1-2 нозе, процесот ќе продолжи, растот ќе продолжи“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично