ПОВЕЌЕ

    Младите бизнисмени имаат идеи и бараат партнер во политиката – ТИМ 40 со девет насоки за развој на државата

    Време зa читање: 3 минути

    Бела даночна листа, зачувување на јазичниот идентитет во дигиталниот простор, трансформирање на неискористениот простор во деловни центри, негување на македонскиот идентитет преку продукциски фонд… се само дел од деветте насоки на ТИМ 40 – Асоцијацијата на млади претприемачи при Стопанската комора. Се предлагаат за да се подобри економската слика на државата и условите за живот на граѓаните. Ќе им бидат претставени и на партиските лидери во предизборието.

    Се работи за млади луѓе од деловниот ссвет, кои иако своето образование го стекнале на престижни светски универзитети, се вратиле дома и тука ги развиваат своите бизниси. Па, доколку и натаму актуелната состојба е разочарувачка, пред се во политичката сфера, може лесно да се случи бизнисот и капиталот да ги преселат на друго место, нагласи претседателот на ТИМ 40, Жарко Димитриоски.

    „Реалниот сектор не функцонира на ветувања, туку бара концепт за идни инвестиции во здравството, образованието, инфраструктурата… Во политиката се бара шпартнер за остварување на заедничките цели“, наведе Димитриоски.

    Што се однесува до белата листа, укажа дека од СКСМ во повеќе наврати го повториле барањето, за да се има целосен увид во тоа кои се најредовните и најголемите плаќаѓи на даночните обврски. Што претставува пандан на црната, односно на листатат на должници која редовно се објавува.

    Од државата бараат да се заземе за надминување на јазичната бариера во Google ADS, за да им се овозможи на домашните компании да објавуваат реклами на мајчиниот јазик, без оглед дали е македонски или албански.

    Предлагаат државата да овозможи пристап до неикористениот простор, кој би се трансформирал во деловни центри. На тој начин сериозна поддршка би добиле стартапите и малите и средни претпријатија.

    Да зајакнат малите и средните фирми, со ваучери за обука за правилно користење на вештачката интелигенција, е еден од деветте предлози. При што значителен дел од средствата за оваа намена би бил трошок на државата.

    Од државниот Буџет треба да се одвојат само 0,01 процент за да се формира домашен продукциски фонд, односно за да се снимат десет серии или документарци со по десет продолженија. Луѓе за таа работа има, а потврда за тоа е нивниот ангажман во соседна Србија, каде што на големо се одвива оваа дејност. Снимените серии на аукција би им се понудиле на националните телевизии, а собраните средства би се реинвестирале. Додека, пак, сериите од национален интерес би биле дадени без надомест на националниот сервис.

    За да се зголеми потрошувачката, од ТИМ 40 предлагаат да се стимулира исплата на 14-та плата, која би била со нула данок за работодавачот.

    Еден од предлозите е и кревање на нивото на сајбер безбедноста, а потоа и забрзување на дигиталната конверзија на деловната документација.

    Остварлива е велат, и идејата за формирање развојни зони за подобрен квалитет на живот. Што подразбира инвестирање во регони со понизок животен стандард и создавање зони на идни можности. Таков е примерот на САД, каде што од 2018 па досега се создадени повече од девет илјади такви зони.

    На презентацијата на идеите присуствуваше и претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, кој говорејќи за можностите што со години наназад им ги дава СКСМ на младите и довербата што ја има во нив, најави генерациска смена. Притоа, нагласи, затоа и Комората опстанала сто години.

    „Ќе има годинава големи кадровски промени, доаѓа нова генерација и нова економска стварност“, рече Азески.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично