ПОВЕЌЕ

    Минатата година за „рударење“ на крипто-валути беа потрошени 18,8 гигават електрична енергија 

    Време зa читање: 2 минути
    Рударењето на крипто-валути во 2018 година потроши околу 18,8 гигават електрична енергија, што е споредливо на пример со потрошувачката на енергија во цела Полска.

    Во исто време, таа потрошувачка предизвика годишна емисија од приближно 800 тони јаглероден диоксид.

    Ова е покажано со истражувањето на компанијата Касперски за економското и еколошкото влијание на „интернет-рударењето“, апликациите коишто работат преку корисничките пребарувачи и ги „ископуваат“ крипто-валутите.

    Истражувачите заклучиле дека иако индивидуалните загуби може да се сметаат за незначителни, глобалното влијание на „рударењето“ крипто-валути преку интернет е изненадувачки застрашувачко.

    Според проценките на компанијата Касперски, количината на потрошена енергија може да биде до 1.670 мегават-чаосви, освен ако интернет-страницата не го блокира кодот којшто е одговорен за стартување на „рударењето“.

    „Ако тоа го претвориме во емисија на јаглероден диоксид во глобален просек, според Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) тоа е еднакво на околу 800 тони јаглероден диоксид испуштен во атмосферата во 2018 година“, изјавуваат од компанијата Касперски.

    Компанијата, сепак, забележува значителен пад на активностите на „рударење“ оваа година, бидејќи постојат сé повеќе правни и технички иницијативи насочени кон намалување на влијанието на „рударењето“ преку интернет.

    Извор: Bankar.rs

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично