ПОВЕЌЕ

    МЕНАЏЕРСКИ СМЕНИ: Бившиот директор на УЈП, Горан Трајковски влезе, бизнисменот Горан Рафајловски излезе од УО на „Витаминка”

    Време зa читање: < 1 минутa

    Собранието на акционери на П.И. „Витаминка” АД Прилеп на вчерашната седница донесе одлука со која ги разреши членовите на одборот на директори и формираше нов менаџерски тим.

    Тројца од разрешените директори се резбрани и во новиот Одбор на директори. Станува збор за Симон Наумоски-инженер технолог кој продолжува да ја извршува функцијата престседател на Одборот на директори, Сашо Наумоски-магистер по економски науки како извршен директор. Како неизвршниот член во директорскиот борд повторно е назначен и Благоја Ѓорѓијоски-доктор на економски науки.

    Смена има кај останатите два независни и неизвршни членови во УО. Од одборот на директори на Витаминка со одлука на акционерите си заминуваат двајцата неизвршни членови бизнисменот Горан Рафајловски-доктор на правни науки и Марјан Бојаџиев-доктор на економски науки.

    Нивното место во менаџерскиот тим како независни неизвршни членови ќе го пополнат Маја-Кадиевска Војновиќ-магистер по бизнис администрација и поранешниот директор на УЈП, Горан Трајковски-дипломиран правник.

    Членовите на Одборот на директори се именуваат со мандат од четири години.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично