ПОВЕЌЕ

    Еве колку заработуваат мажите и жените на секоја возраст

    Време зa читање: 3 минути

    Жените во САД заработуваат 81 цент, за секој долар што мажите го заработуваат во 2020 година.

    Ова е суровата разлика во платите, според извештајот на Пејсајл, за разликите помеѓу платите кај мажи и жени. 

    Таа разлика е веќе формирана и продолжува да расте: Како што покажуваат податоците од Бирото за статистика на трудот, во Америка, мажите заработуваат повеќе од самиот почеток. Жените не само што заработуваат помалку, туку нивниот врв на заработка е помал од врвот што може да го достигне просечниот маж во неговата кариера.

    Еве ги просечните приходи што ги заработуваат мажите во Америка, распределени според возрасната група, заклучно со второто тримесечје на 2020 година.

    • 16 до 19 години: 518 долари неделно (26.936 долари на годишно ниво) 
    • 20 до 24 години: 662 долари неделно (34.424 долари на годишно ниво) 
    • 25 до 34 години: 963 долари неделно (50.076 долари на годишно ниво)
    • 35 до 44 години: 1.239 долари неделно (64,428 долари на годишно ниво)
    • 45 до 54 години: 1.271 долари неделно (66.092 долари на годишно ниво)
    • 55 до 64 години: 1.220 долари неделно (63.440 на годишно ниво)
    • 65 години и постари: 1,034 долари неделно (53,768 долари годишно)

    Еве колку жените заработуваат на различни возрасти:

    • 16 до 19 години: 481 долари неделно (25,012 долари на годишно ниво)
    • 20 до 24 години: 610 долари неделно (31.720 долари на годишно ниво)
    • 25 до 34 години: 867 долари неделно (45.084 долари на годишно ниво)
    • 35 до 44 години: 1.011 долари неделно (52.572 долари на годишно ниво)
    • 45 до 54 години: 1.005 долари неделно (52.260 долари на годишно ниво)
    • 55 до 64 години: 972 долари неделно (50.544 долари на годишно ниво)
    • 65 години и постари: 998 долари неделно (51.896 долари на годишно ниво)

    Со цел да се намали оваа разликата, потребно е компаниите да бидат поотворени за платите што им ги даваат на вработените. На тој начин се зголемува шансата да се намали јазот во платите во повеќето индустрии и на сите нивоа на работни места, се наведува во извештајот.

    Во извештајот за разлика во платите за 2018 година од Џорџтаун, Центарот за образование и работната сила, се утврди дека за да се заработи истата плата како мажите, жените во основа треба да се надоградат. „Жената со диплома заработува 61 000 долари годишно во просек, приближно еднаква на онаа на маж со диплома“, пишува во Џорџтаун извештајот. „Истото правило важи и за жени со магистерски студии во споредба со мажите со диплома.“

    Како што се наведува во извештајот, „првата плата е многу важна потпора за движење во нагорна линија и може да резултира во побавна траекторија доколку жените имаат за цел да започнат со пониска плата.“

    Секако, жените треба да бидат проактивни и да преговараат за фер плата. Прво, направете истражување за споредливи плати. Пред да започнете разговор со вашиот менаџер, направете список со ваши достигнувања, како што се нови проекти што сте ги презеле, или какви било мерливи цели што сте ги постигнале уште од моментот кога сте започнале.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично