ПОВЕЌЕ

    Лукаревска за солидарниот данок: Од 200 компании се очекува прилив од околу 77 милиони евра

    Време зa читање: 2 минути

    Со данокот за солидарност би требало да бидат опфатени околу 200 компании, а во Буџетот би се слеале околу 76-77 милиони евра. Проценките се врз основа на евиденциските анализи што ги има направено УЈП согласно даночните биланси што ги имаат доставено компаниите, рече директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

    Во однос на дејностите на компаниите кои ќе бидат опфатени со солидарниот данок и дали се тие поврзани само со енергетиката и оние кои оствариле големи приходи во време на енергетската криза, таа одговори дека се работи за подолг период.

    „Независно, тука имаме споредбен период кој е малку подолг од енергетската криза во рамки на податоците. Врз основа на сите евиденциски анализи кои што ги имаме направено, согласно даночните биланси кои што ги имаат доставено компаниите, околу 200 од нив би требало да бидат опфатени со овој данок на солидарност. Зборуваме за споредбени податоци на 2022 со 2021 итн“, посочи Лукаревска.

    Според предложениот законски текст, обврска за плаќање на солидарниот данок ќе имаат компаниите кои лани оствариле приход поголем од 615.000.000 денари.

    Собраниската Комисија за европски прашања вчера ја почна дебатата по амандманите за Предлог-законот за данок на солидарност, што со предложените измени на законите за ДДВ и за данок на добивка, се доставени од Владата со европско знаменце по скратена постапка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично