ПОВЕЌЕ

    СДСМ не стои зад барањето на ССМ за минимална плата од 500 евра! – Лукаревска во „Каде се парите?“

    Време зa читање: 2 минути

    Пратеничката Сања Лукаревска во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ изјави дека СДСМ не стои зад барањето на Сојузот на синдикати на Македонија за минимална плата од 500 евра. Лукаревска потенцира дека партијата има сопствен предлог кој што е во собраниска процедура и дека одлуките за минималната плата треба да произлезат од социјален дијалог, а не од политички притисоци.

    „Изрично отфрлам било каква поврзаност, координираност, „шлепање“ како што рековте Вие, со Сојузот на синдикатите на Македонија. Синдикатот мора да биде критичката мисла во нашата држава и првиот и основен заштитник на работничките права во оваа држава. Тие секако дека имаат своја агенда во која што имат наведено што сѐ треба за да тоа синдикално функционирање во нашата држава биде на висина на задачата.

    Барањето нивно за минимална плата е многу легитимно.  Тие не се задоволуваат со тоа зголемување од 1.800 денери, како што го кажаа. Меѓутоа, ако нешто се, да речеме, ете СДСМ којшто зборувал долго време и во предходниот мандат, дека ќе се бориме за 500 евра минимална плата, зошто гледате тука било каква поврзаност.“

    Следете не и притиснете „subscribe“ на каналот ПАРИ. Премиерите се секој четврток во 12.00 часот. Сите содржини се бесплатни, овозможени од нашите пријатели кои веруваат во важноста на јавната дебата и транспарентноста.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично