ПОВЕЌЕ

    АВТОПАТОТ ОХРИД-КИЧЕВО ВЛЕГУВА ВО ЗАВРШНА ФАЗА: „Вистинско инженериско чудо“, вели премиерот Мицковски на Фејсбук

    Време зa читање: < 1 минутa

    Изградбата на автопатот Охрид-Кичево влегува во својата завршна фаза и напредува со одлична динамика, напиша на својот Фејсбук-профил премиерот Христијан Мицкоски. Во моментот се решава еден од најголемите наследени проблеми, воедно и најголемиот, а тоа се свелечиштата и косините, информира премиерот.

    Првата галерија од вкупно 14 -те е целосно завршена и асфалтирана, вистинско инженерско чудо, кое бара врвни градежни решенија, особено поради сложениот планински терен низ кој минува трасата на автопатот.

    Мицкоски информира и дека со силно темпо се работи и на тунелите, каде градежните активности се во самата завршна фаза, потсетувајќи дека веќе 34 километри од автопатот се ставени во функција со постигнати највисоки стандарди за безбедност и квалитет и кои секојдневно се користат од граѓаните.

    Ова не е само проект, ова е автопат кој ги поврзува граѓаните, создава нови можности за стопанството, туризмот и целокупниот економски развој на државата, напиша на својот Фејсбук профил Мицкоски.

    (Фото: Фејсбук профил на Х.Мицкоски)

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично