ПОВЕЌЕ

    ЛИМИТОТ ЗА ДОМАШНО ЗАДОЛЖУВАЊЕ ПОРАСНА ЗА 150 МИЛИОНИ ЕВРА – Се е плански, дефицитот е ист, тврди Бесими

    Време зa читање: 2 минути

    Од 350 на 500 милиони евра, со владина одлука, е поместен максималниот износ за нето-задолжување по пат на издавање државни хартии од вредност. Можноста за задолжување кај домашните кредитори со дополнителни 150 милиони евра е според планираното, вели министерот за финансии, Фатмир Бесими, затоа што тоа е само „рамка во која ние може да се движиме во однос на управувањето со јавниот долг“. За граѓаните, тврди, важно е што дефицитот, и со релокацијата на средствата, останува ист.

    „Се остава простор, доколку треба да обезбедиме депозити на крајот од годината, за да ја одржиме макроекономската стабилност, да можеме да реагираме и на домашниот пазар, освен на меѓународниот“, појасни министерот, образложувајќи дека се работи за плански проекции што се ставаат во Буџетот, а кои „даваат можност за подобра реализација на плановите што се поврзуваат со фискалната стратегија“.

    Според Бесими, се е направено плански, „за дa ги имаме фискалната консолидација и макроекономските компоненти на ниво со кое ќе ја задржат макроекономската стабилност, а во исто време нема да чинат многу за Буџетот“.

    Задолжувањето е на домашен терен, затоа што засега таа можност е поевтина. Инаку, се прави релокација на буџетските средства за да се обезбедат пари за зголемените плати во јавниот сектор, за пензиите, здравството…

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично