ПОВЕЌЕ

    Една третина од купувачите на биткоин не знаат ништо за криптовалутите

    Време зa читање: 3 минути

    Бидејќи движењето на цената на биткоинот и достигнувањето на нови рекордни вредности сè уште е меѓу главните вести на многу медиумски куќи, оваа криптовалута привлекува се повеќе инвеститори секој ден. Сепак, крипто-почетниците не истражуваат долго пред да започнат со рударство или да инвестираат во биткоин, открива неодамнешното истражување на софтверската компанија Кардиф.

    Податоците собрани од 750 инвеститори во истражувањето спроведено од 5 до 12 февруари, во период во кој цената на еден биткоин порасна од 37 000 на 47 000 американски долари, покажува дека само 16,9 проценти од инвеститорите кои ја купиле оваа дигитална монета „целосно го разбираат“ вредноста и потенцијалот на криптовалутата, додека 33,5 проценти од купувачите или не знаат ништо за оваа област или нивното ниво на знаење е „во зачеток“, пренесува CNBC.

    Сепак, недостатокот на знаење или разбирање не ги спречи да ја купат таа виртуелна валута.

    Истражувањето открива дека повеќе од 40 проценти од сите набавки на криптовалути потекнуваат од нови инвеститори. Ова делумно се должи на растечкиот тренд на прифаќање на биткоинот како платежно средство. Во изминатите два месеци, и PayPal и компанијата за финтек Сквер, ја додадоа на нивните платформи за плаќање преку Интернет.

    Резултатите од истражувањето исто така покажуваат дека многу нови инвеститори во акцијата биле водени од страв да не ја испуштат можноста за заработка. Повеќе од една третина од испитаниците истражувале дигитални валути помалку од еден месец пред купувањето, а секој четврти клиент рече дека тоа го сториле во надеж дека ќе профитираат на краток рок.

    Обемот на инвестиции во криптовалути во јануари годинава беше 23 пати поголем отколку во 2019 година, според Кардиф, каде просечната сума на износот за купување се зголеми на 1.212 долари, во споредба со само 432 долари истиот месец во 2020 година.

    Излезот од овој вид инвестиции – тоа е продажба на крипто средства – учествуваше со 26,8 проценти во вкупните трансакции, што е намалување во споредба со учеството од 43,1 процент во 2019 година, кога еден биткоин вредеше нешто повеќе од 3.000 долари.

    Но, не само што метеорскиот пораст на биткоинот привлече нови инвеститори во крипто-сферата, туку и позитивните коментари на јавните личности играа улога.

    Од 750-те анкетирани инвеститори, нешто помалку од 180 изјавија дека гледаат позитивно на доџкоинот и сега има поголема веројатност за да ги вложат своите пари во него, благодарение на бројните твитови на извршниот директор на Tesla, Илона Маск и неговите 48 милиони следбеници

    Всушност, твитовите на Маск за доџкоин, кои потекнуваат од мемото, помогнаа да стане трета најпопуларна крипто валута меѓу испитаниците, каде 8 проценти ја имаат таа валута. Биткоин и етериум, чија комбинирана пазарна капитализација е над еден трилион долари, сè уште се најпопуларни.

    Инвеститорите, сепак, немаат целосна доверба во криптовалутите. Повеќе од половина од испитаниците се согласуваат во одговорот дека нивната најголема грижа е загубата на пари поради изразената нестабилност на цените на виртуелните валути, заклучува извештајот на Кардиф.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично