Дали знаете дека вашиот кредит денес го одобрува алгоритам? Биљана Мишиќ од Иуте Македонија во „Каде се парите? со Горан Теменугов“ објаснува како вештачката интелигенција за неколку секунди ве оценува дали заслужувате кредит. Што сè проверува машината и дали човек воопшто има збор? Слушнете ги деталите и не пропуштајте вакви содржини – притиснете subscribe и следете не!
„Над 70 веќе автоматски влегувате во одбиени клиенти за одреденото барање на изложеност, односно, можеме да ви предложиме помал износ којшто влегува во рамките на вашата кредитоспособност. Во делови од секунда се проверуваат уште 60 други параметри по принципот на машинско учење, зависно од вашата возраст, зависно од вашиот работодавец, зависно од демографијата, од 60 – тина такви фактори кои што системот ги класифицира, на сличните како вас клиенти, нивниот перформанс историски, вашиот перформанс, кој што сте го имале историски во односно на сервисирање на долговите, ве класифицира во одредена група која што сегментира пет нивоа на ризици, од многу висок до многу низок. И зависно од степенот на ризик, ви се определува максимална изложеност и рок кој што може точно вие да го сносите. Значи, не ве ставаме во група на луѓе, не ви ја унифицираме понудата, туку даваме персонализирана понуда, не ние, системот.“
Премиерата е во четврток, во 12.00 часот на пладне, а потоа кога сакате може да не гледате на нашиот ЈуТјуб канал кој ќе го најдете ако во пребарување на кирилица напишете пари. Ќе ви се појавиме и тие сме.
Секако, секоја содржина што ја подготвуваме за вас е бесплатна, но затоа многу ни значи ако притиснете „сабскрајб“ и почнете да не следите. Секое добро, и се гледаме премиерно секој четврток или кога и вие да посакате потоа.