Македонската компанија НЈСК Холдинг (NYSK Holdings), која годинава одбележува десет години од основањето, распиша конкурс за изработка на ново роденденско лого. Повикот е наменет за дизајнери, студенти и сите креативци кои сакаат да понудат свое графичко решение, а трите најдобри труда ќе бидат наградени.
Логото треба да биде инспирирано од десетгодишниот јубилеј на компанијата, а предлозите може да се испраќаат на [email protected] најдоцна до 15 август 2026 година.
НЈСК Холдинг е првата лиценцирана компанија во Македонија за одгледување канабис за медицински цели и првата што доби европска лиценца за производство на фармацевтски производи базирани на канабиноиди. Компанијата работи во рамките на PHCANN International и денес извезува производи на пазари како Германија, Полска, Велика Британија, Австралија и други европски земји.
Компанијата е позната и по производот Cannabisol, кој е достапен во македонските аптеки, како и по ексклузивните договори за производство и дистрибуција на медицински производи на европските пазари. Во рамките на тие партнерства е и линијата TYSON 2.0, бренд поврзан со легендарниот боксер Мајк Тајсон, чија медицинска канабис-програма за европскиот и австралискиот пазар се произведува токму во Македонија.
Со конкурсот за јубилејното лого, НЈСК Холдинг сака да ја вклучи домашната креативна заедница во одбележувањето на првата деценија од своето работење.
Аналитика








