ПОВЕЌЕ

    Крава купена со биткоин

    Време зa читање: < 1 минутa

    Дигитална платформа Seljak.me е првото дигитално село во Црна Гора кое успеало да поврзе купувачи и продавачи на земјоделски производи. Оваа дигитална платформа организираше купување и продажба на крави користејќи биткоин.

    „Биткоинот е криптовалута чиј потенцијал ќе се манифестира во блиска иднина и засега можеме да кажеме дека сме први во Црна Гора, ако не и пошироко, што успеавме да го организираме овој начин на купување и продавање на животни.”

    Првата крава купена со биткоин, која симболично се нарекува “Битиконка”, е исплатена во износ од околу 0,03 биткоин, што е приближно 1350 евра, наведуваат тие.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично