ПОВЕЌЕ

    Еве која земја има најмногу злато на балканот!

    Време зa читање: 2 минути

    Златото како погоден метал за инвестирање во услови на криза, “блесна“ во полн сјај. Од почетокот на годината до денес на инвестиорите им донесе фантастични 25% принос. Минатата година извозот на злато достигна вредност од 295,4 милијарди долари, што е намалување од 3,2% во однос на 2018-та година.

    Одделни земји во регионот, како на пример Хрватска, немаат ни грам. Од друга страна, некои држави од регионот го искористиле своето злато како залог за кредит, пишува српски Блиц.

    Лидер на листата извозници на злато, минатата година, беше Швајцарија со 62 милијарди долари или 21% од вкупниот извоз на злато на планетата.

    Меѓу петте најголеми извозници на благородниот метал во жолта боја, лани, беа и: Хонгконг (25,2 милијарди долари), Велика Британија (23,3 милијарди долари), Обединети Арапски Емирати (17,7 милијарди долари) и САД (17,2 милијарди долари).

    Податоците на Ворлд голд кансил (Светскиот сојуз за злато), најпрецизната база на информации за резервите на државите, за вториот квартал од оваа година покажува дека најголеми златни резерви по Србија на Балканот има Македонија – 6,89 тони.

    Следуваат Словенија со 3,17 тони, Босна и Херцеговина со 2,98 тони и Црна Гора со 1.090 килограми злато кое е заложено за кредит. За Хрватска е наведена бројката – нула.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично