ПОВЕЌЕ

    КОЈ ПРОФИТИРА ОД МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ТУКА ЌЕ ПЛАЌА 15% – Мицкоски за корпоративниот данок

    Време зa читање: 2 минути

    До крајот на годинава ќе има усогласување на даночната политика. Целта е консолидираниот данок на профит од 15 проценти, наменет за компаниите кои годишно имаат приходи од над 750 милиони евра, целосно да се плаќа во земјава.

    „Ако тие профитираат од македонските граѓани и ако македонските граѓани ги плаќаат своите сметки тогаш тие 15 проценти треба да ги плаќаат тука“, изјави премиерот Христијан Мицкоски. И објасни: „Што ќе се случи? Тие што оствариле профит од 100 парички, ќе платат 10 проценти, 10 парички тука, а останатите пет ќе мора да ги платат во матичната држава. Тоа не е фер“.

    Воедно, додаде дека компаниите што ги исполнуваат условите се веќе информирани од Владата и немаат против ваквото решение.

    „Сите компании кои на глобално ниво имаат приходи поголеми од 750 милиони евра, овде кај нас повеќе од 10 милиони евра и профит поголем од милион евра, мора да платат консолидиран данок на профит од 15 проценти“.

    Мицкоски појасни дека во Македонија има три вида вакви компании.

    „Првиот се оние што користат таканаречени даночни олеснувања, кои се во слободните економски зони. Вториот тип се компаниите кои користат вакви даночни олеснувања, но се надвор од слободите економски зони. А, третиот вид се оние кои даваат услуги на слободниот пазар, како што се Телеком, А1, Цементара, ЕВН… Тие мора да платат 15 проценти данок“, посочи тој, потсетувајќи дека во македонскиот даночен систем имаме рамен данок од 10 проценти.

    Според Мицкоски, ова е законско решение.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично