ПОВЕЌЕ

    Во кој град во Европа ќе си поминете најевтино за викенд, ќе ве чини само 180 евра и е во соседството

    Време зa читање: 2 минути

    Post Office Travel Money ги спореди типичните трошоци за викенд патување во 40 различни градови во Европа што вклучува две ноќевања во хотел со три sвезди, вечера во ресторан за двајца, јавен превоз, разглед и слични активности.

    Барометарот за трошоци на градот покажа дека во Тирана ќе потрошите најмалку од анализираните градови – просечно по 180 евра. Овде треба да се одвојат само 70 центи за кафе, а помалку од 80 евра за две ноќевања

    На второ место на листата на најповолни европски градови се Катовице на југот на Полска, а на трето место е главниот град на Литванија – Вилнус.

    Главниот град на Хрватска е исто така во првите 10 најповолни градови за викенд одмор – на седмо место. Post Office Travel Money пресмета дека ви требаат околу 245 евра за викенд во Загреб.

    Осло уште еднаш се покажа како најскап град во Европа за викенд, бидејќи ви требаат околу 500 евра за викенд. Во просек ќе плаќате 8,5 евра за пиво во главниот град на Норвешка, и 190 евра за две ноќевања во хотел со три ѕвезди.

    Најповолните европски градови во 2021 година според барометарот Градски трошоци:
    1. Тирана, Албанија
    2. Катовице, Полска
    2. Вилнус, Литванија
    4. Лисабон, Португалија
    4. Рига, Латвија
    5. Варшава, Полска
    7. Загреб, Хрватска
    8. Будимпешта
    9. Братислава
    9. Краков, Полска

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично